Независниот кандидат за Македoнски Брод ја повлекува својата кандидатура – „ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија“

t

Независниот кандидат за градоначалник за општина Македонски Брод, Милосим Војнески, објави дека се повлекува од изборната трка во вториот круг, притоа потенцирајќи дека е време за обединување и ставање крај на поделбите.

„По бројните разговори со вас, мои сограѓани, одлучив да ја повлечам својата кандидатура.

Ги разбирам сите оние кои, поради различни причини, ги поделија своите гласови дури и во рамките на семејствата, и не би сакал дополнително да ги продлабочувам тие теми.

ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија – партија на која ѝ го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето па сè до денес.

Сметам дека најдобрата одлука, во интерес на моите сограѓани, е да се повлечам од оваа изборна трка.

Свесен сум дека оваа моја одлука за многумина ќе биде изненадување, но верувајте – ова е најдоброто нешто што можев да го направам за граѓаните на нашата Општина во овој момент.

Секогаш ќе бидам достапен за граѓаните и ќе се обидам да помогнам колку што можам. Вашата поддршка никогаш нема да биде заборавена“, напиша Војнески на Фејсбук.

Со тоа, единствен кандидат кој останува во вториот круг на изборите во Македонски Брод е Жарко Ристески, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исчезна 42-годишен маж на пат кон Австрија,…

Вчера во Полициската станица Драчево 22-годишен жител…

Кина прекинува со купување на руска нафта…

Кинеските државни нафтени компании ги прекинаа купувањата…

Мерц: Земјите од Западен Балкан се добредојдени…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц по конференцијата во…

Зеленски: Украина очекува да добие ракети со…

Претседателот Володимир Зеленски јасно стави до знаење…

Минималната плата во Хрватска ќе изнесува 1.050…

Хрватскиот министер за труд, пензиски систем, семејна…