Мицкоски: Народот има надеж и очекувања – нема да ги изневериме!

t

Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври, порача дека првиот изборен круг покажал дека народот има надеж и очекувања кои, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ нема да ги разочара ниту изневери, објави 4NEWS.mk

Тој оцени дека резултатите од изборите ја потврдиле доминантната поддршка за неговата партија и упати порака до опозициската СДСМ да се консолидира и да размисли дали има храброст да се соочи со нови избори.

„Изборите од првиот круг, изразени преку освоените градоначалнички и советнички мандати, ја покажаа доминантната улога на ВМРО-ДПМНЕ. Народот има надеж и очекувања кои нема да ги изневериме. Од друга страна, опозицијата, која доживеа историски пораз, наместо да извлече поуки, се занимава со нереални пресметки и политичко самохрабрење,“ изјави Мицкоски.

Тој додаде дека однесувањето на опозицијата покажува дека сè уште не ја разбрале пораката од граѓаните и дека со создавање на вештачки теми и политички блефови се обидуваат да прикријат неуспех.

Премиерот посочи и дека резултатите на последните избори испратиле сериозна порака и до нивниот коалициски партнер – Демократската унија за интеграција.

„ДУИ доби јасна порака од народот и Албанците дека е доста со политиканство и злоупотреба на етничките теми за лични интереси. Граѓаните се уморни од празни ветувања и очекуваат подобар живот, кој 20 години не им беше обезбеден“, нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека сите политички субјекти треба да извлечат поука од овој пример и да разберат дека иднината не лежи во поделби по етничка линија, туку во заеднички вредности и обединување.

„Луѓето не треба да се гледаат како бројки или контингенти гласови, туку како граѓани со свои судбини и желба за подобар живот. Поддршката треба да се гради врз вредности, а не врз етнички поделби“, истакна премиерот.

Во завршницата на говорот, одржан на свечената академија „Од идеја до држава“ во Македонскиот народен театар, Мицкоски порача дека секоја одлука на Владата ќе биде насочена кон интересот на граѓаните и државата, со цел да се оправда довербата што ја добиле на изборите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Народот има надеж и очекувања –…

Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање по…

Се трага по 13 годишно девојче од…

На 23.10.2025 во 00:30 часот во Полициската…

Општина Центар со вонреден еко-план: дератизација, чистење…

Општина Центар воведе вонредни мерки за справување…

(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градските власти спијат, ние…

Денешниот празничен ден, дел од актуелните и…