Апасиев: Левица е единствена партија со пораст на гласови на овие избори – без да имаме кандидат во 30 општини!
НЕ ВЕРУВАЈТЕ НА СЕ ШТО СЛУШАТЕ НА ТВ
Зошто „независните новинари“ шират ЛАЖНА ТЕЗА во јавноста дека „сите партии имаат пад од Парламентарните избори 2024 до Локалните избори 2025“!? Исклучок е само ЛЕВИЦА и тоа треба ферски да се каже…
– На ланските Парламентарни избори 2024 ние освоивме нешто над 67.000 гласови низ цела Македонија.
– На овогодинешните Локални избори 2025 ние освоивме нешто над 68.000 гласови – но, без притоа да учествуваме во скоро 30 општини (од вкупно 80)!!!
Сега појасно ли е, новинари?
Значи, сме немале наши листи во над 1/3 од општините низ МКД, а сме освоиле повеќе гласови во апсолутни бројки од ланските избори за пратеници!
Затоа, ве замолувам за објективно и професионално известување на граѓаните, па кога ќе кажете дека наводно „СИТЕ ПАРТИИ“ бележат пад во гласовите, ред е да кажете дека единствен исклучок е само Левица (која го задржува непрекинатиот тренд на РАСТ од нејзиното основање до денес).
#ФеноменотЛевица
#РастемеИСеРазвиваме
#ФалаНогуПријатно
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
Белгиската полицијата ќе врши претреси во домовите…
Парламентот на Белгија изгласа контроверзен закон, со…
„Путин нè тестира и нè приближува до…
Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…
Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…
Полска ги предупреди европските сојузници дека во…
ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…