Тачи: Албанците во Македонија не треба да се надеваат на владите на Косово и Албанија
Лидерот на Демократската партија на Албанцитe, Мендух Тачи синоќа изјави дека Албанците во земјава не треба да се надеваат на Владата на Косово и на Владата на Албанија.
Тој рече дека двете влади сакаат да помогнат, но немаат моќ да направат ништо повеќе.
„Албанците од Македонија не треба да се надеваат на Владата на Косово и на Албанија, тоа е реалноста. Дали Владата на Косово сака, тие сакаат, но немаат средства, дали Владата на Албанија сака – тие сакаат, но немаат средства. Бидејќи во нивниот Устав пишува: „Премиерот се грижи за државата“. Им реков на Албанците од Македонија, немојте да се залажувате дека Еди Рама и Албин Курти воопшто не се грижат за вас. Тие немаат време ниту средства туку само прават филмови“, рекол Тачи во интервју за косовската „Tëvë1“.
Тачи говореше и за локалните избори и дека главната битка се водела меѓу лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети и Изет Меџити од ВЛЕН. Тој потенцира дека Меџити ја добил оваа битка. Тачи исто така обвини дека Ахмети е виновен за поттикнување тензии во кампањата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Уапсена шефицата на албанската тајна служба, Влора…
Директорката на албанската разузнавачка служба Шиш, Влора…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…