Мециновиќ повика градоначалниците да бидат на готовс: Веднаш после изборите сметот ќе се исчисти – Контактираме со експерти за ѓубрето да биде преработено во деривати на гориво!

t

Ова што го живееме со ѓубрето се најапсурдните прилики, никој не можеше да претпостави дека општинските и градските власти ќе создадат ваков проблем, истакна денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ.

– Ние сметаме дека независно кој ќе ја добие поддршката за Скопје, веднаш треба да почне со санирање на сметот. Ги повикувам сите градоначалници кои победија во прв круг или се во втор круг, да бидат подготвени веднаш по изборите заедно да започнеме со чистење и санирање на состојбите во КХС.

Политичките суети не смеат да имаат место во работата на градоначалниците, ние сме мала држава да имаме ваква политика.

Треба да рекине перцепцијата за политичарите во Македонија како некоја апстрахирана елита која нема допир со граѓаните, градоначалниците се бираат за да ги претставуваат интересите на заедницата. Ова што се случува со сметот е апсолутен крах на локалната власт.

Едните посочуваат прст кон едно нешто, другите кон друго, но факт е дека локалната власт и во општините и во Град Скопје четири години беше во рацете на ВМРО-ДПМНЕ.

Не смееме веќе да си играме со здравјето на скопјани.

Јас повикувам на целосна натпартиска мобилизација против владината замисла за водење на нашиот град бидејќи таа Влада не доведе до оваа состојба. Владата намерно остави градот да дојде на раб на колапс, за потоа да изигрува херој.

Во однос на КХС Мицкоски рече дека имаат план за јавно-приватно партнерство и тука се покажуваат контурите на планот, односно колабирање на градската хигиена за да се оправда приватизацијата на КХС. Ние тоа нема да го дозволиме, треба да се окрупнат капцитетите и да се одржува хигиената во континуитет, вели Мециновиќ.

Тој истакна дека има начин да се искористи сметот, со преработка на комунален отпад за производство на деривати на гориво, како што објасни Мециновиќ неговиот тим веќе стапил во контакт со светски експерти по тоа прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Во мандат од четири години, ќе…

Во мандат од четири години, Левица ќе…

Јовановска до ДПМНЕ: Да не водевте деструктивна…

Да не водевте деструктивна политика на наш…

Герасимовски го свикува кризниот штаб поради состојбата…

Општина Центар свика кризен штаб поради состојбата…

Арсовска: Кадрите на Мицковски се одговорни за…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во…