Адеми: Не точно дека Али Ахмети се повлекува од ДУИ и од политиката
Дезинформација е дека лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе се повлече од политичката сцена по локалните избори, вели потпретседателот на партијата Арбр Адеми.
– Не е точно дека претседателот Али Ахмети ќе се повлече од ДУИ и од политиката, изјавил Адеми, во врска со пишувањата на медиумот на албански јазик „Фол“ дека Ахмети сериозно размислувал да се повлече од активната политика по изборите.
Според информациите на медиумот добиени од ДУИ, Ахмети веќе разговарал за оваа одлука со дел од своите најблиски соработници, како и со политички партнери од Албанија и Косово.
Конечната одлука се очекува да биде објавена по завршувањето на вториот круг од локалните избори, со цел да не се влијае врз исходот за кандидатите на партијата, наведува „Фол“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Дволичноста на Бујар: Ноќе те убива,…
Соопштение на ВЛЕН Бујар Османи се обидува…
ДУИ бара албанскиот јазик да биде вратен…
Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли…
ДУИ: ВЛЕН стана синоним за потчинетост –…
Кога дури и Максим Димитриевски, политичар кој…
ДУИ: Откако ВЛЕН стана дел од Владата,…
За време на изборите, ВЛЕН ветуваше дека…
ДУИ: Владата 90% од грантовите за Охридскиот…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја обвини…