Сообраќајна несреќа на патот Македонска Каменица – Делчево, сообраќајот во прекин

t

Денеска од 12.02 часот на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево, поради случена сообраќајна несреќа, сообраќајот е во целосен прекин, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сообраќајна несреќа на патот Македонска Каменица –…

Денеска од 12.02 часот на магистралниот пат…

Мадуро: Секојдневно сме загрозени од американската империја

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги обвини САД…

МВР со детали за сообраќајката кај Хиподром…

Поради сообраќајна несреќа во прекин е сообраќајот на…

Левица: Во мандат од четири години, ќе…

Во мандат од четири години, Левица ќе…