Падна првата оставка во СДСМ по изборите – Галетановски се повлече од претседател на градската организација
Ѓорѓи Галетановски си поднел оставка од претседател на градската организација на СДСМ, потврдува за ТВ 24 висок партиски функционер од СДСМ.
Според истиот функционер оставката е неотповиклива и е од морални причини и лични причини, а доаѓа по првиот круг од локалните избори , на кои СДСМ доживеа дебакл и освои 5 советници во Град Скопје. ТВ 24 се обиде да добие изјава од Галетановски, но тој не одговори на нашите прашања. Официјално од партијата на Венко Филипче само потврдуваат дека оставката е доставена на Бихаќка.
” Оставката е поднесена од лични и морални причини и доставена до партијата. Во однос на понатамошните одлуки органите на СДСМ ќе постапат согласно статутарните одредби на партијата, за што ќе ја информираме јавноста, велат за ТВ 24 од СДСМ
Инаку Галетановски е еден од неколкумината советници кои СДСМ ги освои во советот на Град Скопје. Според информациите на ТВ 24 и критичар на одредени политики на актуелниот лидер. Во мандатот на Петре Шилегов во Град Скопје беше директор на Зоолошката градина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првата оставка во СДСМ по изборите…
Ѓорѓи Галетановски си поднел оставка од претседател…
(Видео) „ПОГРЕШИВ“: Венко Крстевски се извини на…
Кандидатот за градоначалник на Кочани, Венко Крстевски,…
Вниманавајте како возите! Не работи рампата на…
Граѓани преку Вибер групата „Општина Илинден –…
Екстремни десничари ќе протестираат против мигрантите вечерва…
Екстремно десничарската група „Народна патрола“ вечерва организира…
Србија ќе биде тест-полигон за „чудото“ на…
Во впечатлива реприза на дипломатијата за вакцини…