ВЛЕН и ДУИ отворено соработуваат во три општини – “благодарност” што Мицкоски ги остави Гостивар, Тетово и Струга без кандидати за градоначалници

t

*Објава на Фејсбук на пратеничката Јована Мојсоска

Едно резиме за колегијалноста во владината коалиција:

ВМРО-ДПМНЕ вади кандидат за градоначалник во Брвеница. ВЛЕН исто така вади кандидат во Брвеница и во вториот круг се обединија со ДУИ против кандидатот на Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ вади кандидат за градоначалник за Кичево. Влен вади свој кандидат за Кичево. За вториот круг, Касами јавно ја дава поддршката за ДУИ, додека кичевско ВЛЕН срамежливо вели “по сопствено убедување да се гласа”. Соодветен реципроцитет на јавната поддршка од Мицкоски која ја добија кандидатите на Влен, нели?

Единствена општина каде ВЛЕН не вади кандидат е Чашка. Таму свои кандидати имаат ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. Со гласовите на ВЛЕН и ДУИ, уште во прв круг победи кандидатот на ДУИ.

Значит, ВЛЕН и ДУИ отворено соработуваат во ТРИ ОПШТИНИ (Чашка, Брвеница и Кичево). Најверојатно како “благодарност” што Мицкоски ги остави Гостивар, Тетово и Струга без свои кандидати за градоначалници.

П.С. Курирчињата ги нема да бекнат за тоа како ВЛЕН ги пушти низ вода вмровските кандидати за градоначалници

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН и ДУИ отворено соработуваат во три…

*Објава на Фејсбук на пратеничката Јована Мојсоска…

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи Касами иако…

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска во телевизиско…

Адеми: Не точно дека Али Ахмети се…

Дезинформација е дека лидерот на ДУИ Али…

Коалициониот на Мицкоски повикува: Гласајте за Хаким…

На социјалните мрежи се шират повици да…

ВЛЕН повикува на обединување на сите албански…

ВЛЕН и нивниот кандидат Хаким Рамадани кој…