Вучиќ: Eвропратениците се патолошки лажговци и сериозно и злокобно болни луѓе
Српскиот претседател Александар Вучиќ упати низа навреди кон европратениците во Европскиот парламент по усвојувањето на резолуцијата со која се осудува растечката политичка криза и репресијата во Србија.
Вучиќ ги нарече европратениците „патолошки лажговци“ и „сериозно и злокобно болни луѓе“, реагирајќи на текстот на резолуцијата на Европскиот парламент, во која се изразува загриженост дека државната полиција употребила шок-огнени пиштоли против студентите кои протестираа против него во март оваа година.
Резолуцијата на Европскиот парламент, усвоена со големо мнозинство, го обвинува режимот на Вучиќ за ескалација на насилството, притисок врз медиумите и поткопување на демократските институции.
Со месеци во Србија имаше протести, по несреќата која се случи на 1 ноември во Нови Сад, каде падна натстрешница и уби 16 луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИСТРАЖУВАЧ ПРЕДУПРЕДУВА: Ова би можело да биде…
Истражувачот во областа на вештачката интелигенција, Никола…
УЈП предаде возило со пристапна рампа за…
Во рамки на активностите по повод одбележувањето…
(Видео) Снегот нема да ги изненади екипите…
Првиот снег нема да ги изненади екипите…
Тошковски: Жал ми е што држава членка…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва…
ОДРЕДЕН 30-ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ДРАГАН ВУЧИЌЕВИЌ: Главниот…
Судот во Белград му одреди притвор до…