Мециновиќ: Граѓаните заслужуваат да живеат здрава и чиста животна средина
Синхронизација со централната власт за целосно чистење на Скопје, најави кандидатот за градоначалник на метрополата од „Левица“, Амар Мециновиќ. Според него, потребна е рехабилитација на јавните претпријатија. Тој е уверен дека хаосот во Скопје е намерно создаден.
Ова живееме со смет е апсурд оти никој не можеше да претпостави дека општинските и градските власти ќе создадат ваков проблем, рече кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ од „Левица“. Тој вели дека ако ја добие поддршката од граѓаните, ваквата слика ќе стане минато, бидејќи граѓаните заслужуваат да живеат здрава и чиста животна средина.
Мециновиќ вели ќе продолжи со позитивна и проактивна кампања, иако смета дека околностите и условите за натпревар не се рамноправни.
Вториот изборен круг не е натпревар меѓу двајца кандидати, туку избор меѓу старото и новото, за едно поинакво Скопје, рече Мециновиќ, според кого, суетите не смеат да имаат место во работата на градоначалниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Берзански земјотрес поради вештачката интелигенција — „избришани“…
Распродажбата на акциите на технолошките компании се…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…
Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…
Италија сака да воведе данок за богатите…
Италијанската влада предложи нова даночна мерка што…
Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена…
Украина ќе добие нов пакет воена помош…