(Видео) Родителите од Кочани бараат вистината да излезе на виделина – денес се одржи 28 „Марш за ангелите“
Правдата и вистината да излезат на виделина, побараа денеска родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ на 28. „Марш за ангелите“, чиј почеток и овој пат беше од „Паркот на Револуцијата“ во Кочани. При нивното марширање во Трговскиот центар, каде се лоцирани повеќето од кафулињата во градот, гостите, претежно тинејџери, станаа од своите места и со молк им оддадоа почит на загинатите во мартовската трагедија.
На кружниот тек на улицата „Стево Теодосиевски“, мајка на починато момче Спире Стојменов, имаше петнаесетминутно обраќање, во кое, покрај другото, рече дека им е доста од неказнивост, од корупција и од молк.
– Каде се институциите? Каде е системот што требаше да не штити? Каде беа тие што седат во своите луксузни канцеларии, во меките фотелји, платите што ги земаат од народни пари — а не видоа, не слушнаа, не почувствуваа дека пред нив се создава однадвор шупа, а внатре замок на монструм, запраша Манта Стојменова, мајка на Спире Стојменов, починат во пожарот во кочанската дискотека.
Протесниот марш, откако претходно ги помина Трговскиот центар, просториите на УЈП и Полициската станица, продолжи кон зградата на Основниот суд и Обвинителство во Кочани, каде на влезната врата од оградата на овие институции, беа оставени фотографии од починатите во пожарот од 16. март.
Протестниот марш на родителите и нивните подржувачи заврши во „Паркот на Револуцијата“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италија сака да воведе данок за богатите…
Италијанската влада предложи нова даночна мерка што…
Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена…
Украина ќе добие нов пакет воена помош…
Зеленски предложи зимско примирје со Русија за…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека растечкото…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…
Денес се празнува Светиот маченик Арета
Овој Свет маченик пострада за Христовата вера…