Ѓорѓиевски: Скопје нема време за експерименти, најдоброто допрва доаѓа
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вечерва упати благодарност до граѓаните на Чаир за поддршката и довербата што му ја укажале во првиот изборен круг.
„Денот го завршуваме меѓу чаирчани – со гордост и енергија за најдоброто што доаѓа. Победата во првиот круг и огромната поддршка за вториот се јасна порака дека на Скопје не му се потребни повеќе експерименти, туку докажана работа, визија и резултати“, изјави Ѓорѓиевски.
Тој посочи дека неговиот тим има јасен и реален план за подобрување на животот во Чаир и во целиот град, меѓу кои изградба на монтажна катна гаража и проширување на булеварот „Цветан Димов“ за решавање на хроничниот проблем со паркирањето.
„Но ние не застануваме тука. Чаир ќе има поддршка од градот Скопје каква што досега не видел“, нагласи Ѓорѓиевски, додавајќи дека во вториот изборен круг влегува со уште поголема енергија и мотивација за, како што рече, „историска победа во Скопје“.
Кандидатот заврши со порака на благодарност кон сите граѓани за искрената поддршка и довербата: „Најдоброто допрва доаѓа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од пеколна жештина до пороен дожд и…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм…
Гилотина е пронајдена во камион во близина…
Во САД, 35-годишен маж беше уапсен откако…
Комарец бил кобен патник: двајца вработени на…
Двајца работници на аеродромот во Франкфурт, Германија,…
Француски суд утврди дека радиоактивност е причина…
Француски суд за првпат го призна космичко…
Заменик-секретарот за одбрана на САД в четврток…
Високи европски дипломати ќе се обидат утре…