Мицкоски: Не сум за предвремени избори, но ако им се исполни желбата – после да нема лелекање

t

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Брвеница, уште еднаш порача дека не сака да има предвремени парламентарни избори, а на политичарите од опoзицијата кои повикуваат на тоа, „да се однесуваат со одговорност, затоа што понекогаш тоа што го посакуваат може и да им се случи, па после да не биде лелекање“.

Во однос на барањата на опозицијата за предвремени парламентарни избори, Мицкоски рече дека тие „тоа го бараат година и половина“, а еве поразени се на локалните.

За Агим Јонуз, живот на асфалт помеѓу две свеќи… и толку
За Агим Јонуз, живот на асфалт помеѓу две свеќи… и толку

-Тоа е опозицијата, да бара избори, ќе биде поразена и на избори. Еве поразени се на локалните, сега ќе бидат и на предвремени, доколку ги има. Јас сум кажал дека не сакам да има предвремени парламентарни избори. Но, многу треба внимателно, политичарите во Македонија да се однесуваат со одговорност, затоа што понекогаш тоа што го посакуваат може и да им се случи, па после да не биде лелекање, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по партиски митинг во Брвеница.

Прашан дали ќе има реконструкција на Владата по изборите, Мицкоски рече дека по локалните избори се подготвуваат за партискиот конгрес, кој што ќе се одржи на 6-ти декември во Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од пеколна жештина до пороен дожд и…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм…

Гилотина е пронајдена во камион во близина…

Во САД, 35-годишен маж беше уапсен откако…

Комарец бил кобен патник: двајца вработени на…

Двајца работници на аеродромот во Франкфурт, Германија,…

Француски суд утврди дека радиоактивност е причина…

Француски суд за првпат го призна космичко…

Заменик-секретарот за одбрана на САД в четврток…

Високи европски дипломати ќе се обидат утре…