Рама: Албанската министерка создадена со вештачка интелигенција е бремена – очекуваме 83 деца

t

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека министерката за јавни набавки на Албанија, создадена од вештачка интелигенција, по име Диела, е „бремена“ и ќе „роди 83 асистенти на вештачка интелигенција“ за членовите на албанскиот парламент.

Рама оваа необична вест ја соопшти за време на Берлинскиот глобален дијалог на тема „Револуционерни решенија за турбулентни времиња“, објавија албанските медиуми.

„Сакам да споделам дека Диела е бремена. Очекуваме 83 деца, по еден асистент за вештачка интелигенција за секој пратеник од Социјалистичката партија. Секој од нив ќе му помага на пратеникот во подготовката на белешки, предлози и резимеа од седниците кога пратеникот не е присутен. Ова означува нова ера на интегрирање на вештачката интелигенција во албанската политика“, нагласи Рама.

Тој додаде дека очекува „системот да биде целосно функционален до крајот на 2026 година“.

Министерката Диела, создадена со употреба на вештачка интелигенција, беше претставена на 11 септември на седница на Албанската социјалистичка партија.

Нејзината официјална улога е да ги надгледува сите владини набавки во земјата. Владата очекува имплементацијата на вештачката интелигенција да ги направи набавките „100 проценти отпорни на поткуп“ и дека сите тендери и јавни средства ќе бидат целосно транспарентни.

Албанските граѓани веќе ја познаваат Диела, бидејќи таа ја управува дигиталната платформа „е-Албанија“, преку која речиси сите владини услуги се достапни во електронски формат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама: Албанската министерка создадена со вештачка интелигенција…

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека министерката…

САД и Кина постигнаа прв договор за…

САД и Кина постигнаа прелиминарен трговски договор…

Светот на раб на нов конфликт: Трамп…

Светот повторно е во состојба на тензии…

Рамиз Мерко влегува во Влада?! Ќе ги…

НЕЗАВИСНАТА ЛИСТА „МЕРКО“ КОН ВЛЕЗ ВО ВЛАДАТА!…

Поплавен подвозник во Тетово: Автомобил заглави, возачот…

Во Тетово, едно патничко возило заглави во…