Објавено на:

Трамп: Би можел во 2028 година да се кандидирам за потпретседател, ама не сакам

t

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ја исклучува можноста да се кандидира за потпретседател на изборите во 2028 година, пристап што некои од неговите поддржувачи го предложија како заобиколен начин републиканскиот претседател да добие нов претседателски мандат.

– Би смеел да го направам тоа, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион Air Force One, но додаде: „Не би го направил тоа. Мислам дека е премногу суетно. Да, би го исклучил тоа затоа што е премногу суетно. Мислам дека на луѓето не би им се допаднало. Суетно е. Не, не би било исправно“.

Никој не може да биде избран за американски претседател по трет пат, според 22-от амандман на американскиот Устав. Некои предложија дека ова би можело да се заобиколи доколку Трамп се кандидира за потпретседател со друг претседателски кандидат кој потоа би поднел оставка, со што на Трамп би му се овозможило повторно да стане претседател. Критичарите ја оспоруваат законитоста на таков маневар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со порака до Иран: Време е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…

Трамп ја откажа посетата на американските претставници…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…

(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…

Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…

Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…