„63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“
Родителите на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ на 19 ноември ќе ја следат првата судска расправа за трагедијата во која згаснаа 63 млади животи. Тие преку Здружението на граѓани 16ти март 2025та, најавија и дека ќе бараат ова судење да не биде само формална постапка, односно како што меѓу другото стои во соопштението – нека секој сведок, секој документ, секоја снимка гласно кажат што се случи и зошто се случи.
Нека судот не гледа само виновници во очи, туку и пропустите на системот кој ги дозволил тие виновници да делуваат неказнето, стои во објавата на родителите.
Здружение на граѓани 16ти Март 2025
– На 19 ноември ќе седиме во судницата со тешки срца, но со непресушна волја. Ние нема да дозволиме случајот да биде сведен на бројки и бирократски фрази. Сите детали — технички пропусти, кршења на правила, коруптивни нити — ќе мора да излезат на виделина. Ќе побараме да се откријат сите слоеви на одговорност: од оние кои држеле пеперутки во нивните џебови наместо мерки за безбедност, до оние кои ги криеја доказите или дозволуваа дозволи со поткуп.
Судењето, кое со голем интерес го очекува целата јавност, за родителите кои го изгубија најголемото богатство тоа не е само датум во календарот. Тоа е ден кога правдата треба да проговори гласно и без прикривање, потенцираат тие.
Здружение на граѓани 16ти Март 2025
– Кажуваат дека под законот сите се невини додека не се докаже спротивното. Ние тоа го разбираме. Но како да ја зачекаме таа правна формула кога ни се закануваат, кога ни ги плашат, кога ни ги газат сеќавањата? Како да бидеме мирни кога обвинетите не ни се извинуваат, кога институциите што требаше да не заштитат покажуваат пукнатини и празнини? Ние бараме повеќе од формална пресуда — бараме вистина, бараме објаснување, бараме одговорност!
По повеќе од седум месеци од трагедијата, кога ноќта помеѓу 15 и 16 март, загинаа 62 лица и над 200 беа повредени, на обвинителна клупа ќе седнат 34 лица, а обвинети се и три фирми. На сите обвинети, ќе им се суди за делото „предизвикување тешки дела против општата сигурност“. Инаку, секоја сабота, родителите маршираат низ кочанските улици испраќајќи пораки до надлежните дека трагедијата не смее да заврши со селективна одговорност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„63 сенки ќе ве следат – секој…
Родителите на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“…
ДИК ги разреши избирачките одбори во Шуто…
Државната изборна комисија (ДИК) најави дека утре…
Откако ќе победи Орце за 72 часа…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека смета…
Мицкоски: Се сретнав со Касами, тој почна…
По настан во главниот град, премиерот и…
Директорот на М-НАВ работел како контролор на…
Во државната компанија за навигација во воздухопловството…