Нов скандал на повидок: Директорот на Комунална хигиена пуштен oткако „признал дека е во срцето и душата ВЛЕН“
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, објави експлозивна порака на Фејсбук со која тврди дека директорот на ЈП „Комунална хигиена“ бил пуштен од полициска станица откако „признал дека е во срцето и душата ВЛЕН“.
Според нејзиниот пост, по неколку часа убедување во полициска станица, директорот бил ослободен веднаш штом потпишал изјава за членство во партијата ВЛЕН. Арсовска нагласува дека тој „не е виновен за ништо“ и дека својата работа ја извршувал „чесно и совесно“.
„Откако потпиша изјава дека е ВЛЕН, веднаш го пуштија да си продолжи со работата“, напиша Арсовска, додавајќи дека ваквите притисоци претставуваат политичка злоупотреба.
Во истата објава, таа ги прозва и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски, обвинувајќи ги дека ветувале апсења на функционери од ДУИ, но наместо тоа „ги примаат во коалиција штом преминат во ВЛЕН“.
Оваа објава предизвика вистинска бура на социјалните мрежи, каде граѓаните бурно реагираат со поделени ставови за скандалот кој го отвори градоначалничката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов скандал на повидок: Директорот на Комунална…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, објави експлозивна…
ДИК утре ќе ги објави целосните конечни…
Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе ги…
(Видео) Веќе нема мана исто како да…
Неверојатна снимка од енормно загадување на реката…
Горивата повторно поскапуваат!
Регулаторната комисија за енергетика со нова одлука…
Советник од Владин кабинет под истрага за…
Посебен советник за економски прашања во кабинетот…