Путин воведе нови правила за мобилизација
Државната дума во последното читање усвои закон со кој драстично се менува системот на воена регрутација, воведувајќи целогодишна регрутација наместо претходните два брана – пролет и есен. Измените на законите „За воена регрутација и воена служба“ и „За алтернативна државна служба“ го предвидуваат овој премин, објавува рускиот инфо24.
Според новите правила, регрутирањето на граѓани за задолжителна воена служба ќе се врши од 1 јануари до 31 декември.
И покрај ова, како што пишуваат руските медиуми, испраќањето регрути во единиците ќе задржи сезонски карактер и ќе се одвива двапати годишно: од април до јули и од октомври до декември. Законодавците наведуваат дека целта на овие мерки е рамномерно да се распредели товарот врз воените служби и да се подобри квалитетот на кампањата за регрутирање.
Законот, исто така, предвидува дека регрутот мора да се јави во воената канцеларија во рок од 30 дена од објавувањето на повикот во регистарот. Усвоените измени стапуваат во сила веднаш по нивното официјално објавување.
Оваа промена доаѓа во време кога есенската регрутација оваа година, во која беа регрутирани околу 160 илјади луѓе, е најголема во последните девет години.
Андреј Картаполов, претседател на Комитетот за одбрана на Државната дума, објасни дека причината за ова е недостатокот на регрути собрани за време на пролетниот циклус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…