Хаким оди по Вардар – Касами за Брвеница: Во една мултиетничка општина, етничките поделби не се најдобра стратегија
„Треба да се обединиме околу заедничките визии за развој. Ставовите на кандидатот за Општина Брвеница се негови лични ставови, јас како градоначалник на Тетово ги претставувам сите граѓани Македонците, Ромите, Турците и секако мнозинството Албанци“, истакна тетовскиот градоначалник Биљал Касами во телевизиско интервју.
Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, во врска со својата претходна изјава за вториот круг избори во Кичево, истакна дека таа е извадена од контекст и погрешно интерпретирана.
„Треба да се има предвид контекстот и медиумот во кој беше дадена изјавата, како и околностите во кои потоа беше пренесена. Со тоа целосно се извади од нејзината првична идеја,“ изјави Касами.
Тој појасни дека изјавата е дадена во момент кога, според него, политичките опоненти се обидувале максимално да ја отворат етничката карта во изборниот процес.
„Изјавата, во моментот кога беше дадена, беше во контекст на тоа што нашите политички опоненти во овие избори се обидоа максимално да ја отворат етничката карта. Целата таа изјава, би рекол, беше искрена, но политички беше погрешно протолкувана,“ нагласи тој.
Билал Касами, истакна дека за време на неговиот мандат работел за сите граѓани на Тетово, без оглед на нивната етничка припадност.
„Јас сум градоначалник на сите граѓани на Тетово. Ја побарав довербата од Албанците, Македонците, Турците, Ромите и сите мои сограѓани, и работев за доброто на секој од нив“, изјави Касами на телевизиско интервју.
Тој нагласи дека Тетово, како град со космополитски карактер, е место каде секој успех и придобивка реализирани во изминатите четири години им припаѓаат и им се радуваат сите граѓани, без разлика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаким оди по Вардар – Касами за…
„Треба да се обединиме околу заедничките визии…
Лавров: Европа се подготвува за војна
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за…
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска обвини…
Словенија со нов „Шутаров закон“ по убиството…
Во текот на протестите во Ново Место,…
Белорусија ќе распореди руски ракетни системи „Орешник“…
Белорусија ќе распореди руски ракетни системи „Орешник“…