Сo 3.66 промили алкохол во крвта жител на Росоман тргнал во расправија со полицајци
Две лица во Тиквешијата биле приведени во текот на вчерашниот ден поради агресивно однесување под дејство на алкохол, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Во првиот случај, во 15:10 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го привеле Е.Ј., на возраст од 18 години од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од семејниот дом, агресивно се однесувал кон неговите родители.
-При преземање мерки, кај него биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР – Велес.
Во 15:55 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа О.Л., на возраст од 40 години од Росоман, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
-При преземање мерки, кај него биле измерени 3,66 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, О.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР – Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сo 3.66 промили алкохол во крвта жител…
Две лица во Тиквешијата биле приведени во…
Захарова: Европа се движи кон самоуништување
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…
Арсовска: Како ќе функционира ЈП „Комунална хигиена“…
„Како ќе функционира ЈП „Комунална хигиена“ –…
Царината заплени околу 3.000 парчиња парфеми, алкохол,…
На граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и…
Белград во солзи и аплаузи: студентите од…
Со изнемоштени нозе, но со погледи што…