Објавена рачно напишаната оставка на Рустеми: „Поради морални причини поднесувам неотповиклива оставка“
ТВ 24 дојде до оригиналната рачно напишана оставка на Сабахадин Рустеми, досегашниот в.д. директор на јавното претпријатие „Комунална хигиена“.
Во документот, Рустеми наведува дека оставката ја поднесува „поради морални причини, за непречено одвивање на постапката“, и дека се работи за неотповиклива оставка од директорската функција.
Оставката е адресирана до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а доставена преку Кривичниот суд Скопје, потврдија извори за ТВ 24.
Во завршниот дел од документот, Рустеми искажува благодарност за довербата и соработката во изминатиот период, по што ја потпишува својата одлука.
Со оваа оставка, тој формално се повлекува од раководната позиција во „Комунална хигиена“, по серијата настани што ја потресоа институцијата во изминативе недели.
Извор: 24.МК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гилотина е пронајдена во камион во близина…
Во САД, 35-годишен маж беше уапсен откако…
Комарец бил кобен патник: двајца вработени на…
Двајца работници на аеродромот во Франкфурт, Германија,…
Француски суд утврди дека радиоактивност е причина…
Француски суд за првпат го призна космичко…
Заменик-секретарот за одбрана на САД в четврток…
Високи европски дипломати ќе се обидат утре…
Македонија и Србија ќе ги поврзат гасоводите,…
Договорот за реализација на интерконекторскиот гасовод Македонија-Србија…