Лукоил се согласи: Еве кој ќе го купи рускиот гигант
Рускиот Лукоил под притисок од американските санкции, во четврток соопшти дека прифатил понуда од компанијата Гунвор за продажба на Лукоил Интернешнл ГмбХ, која ги контролира странските средства на нафтениот гигант.
Лукоил во понеделник соопшти дека ќе ги продаде своите меѓународни средства по санкциите поради Украина објавени минатата недела од страна на САД.
Планираната продажба на средствата е најзначајната акција досега од страна на руска компанија по западните санкции поради војната на Русија во Украина, која започна во февруари 2022 година.
„Клучните услови на трансакцијата беа претходно договорени од страните. Лукоил, од своја страна, ја прифати понудата, согласувајќи се да не преговара со други потенцијални купувачи“, рече Лукоил за понудата на Гунвор. Гунвор потврди дека е во преговори со Лукоил за евентуалното стекнување на странските средства на Лукоил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Лукоил“ ја тужи Бугарија, ѝ бара три…
Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ бара отштета од…
САД по четврти пат го продолжија рокот…
Соединетите Американски Држави го продолжија по четврти…
„Лукоил“ договара продажба на своите странски средства…
Рускиот нафтен гигант Лукоил, кој е санкциониран…
САД го продолжија рокот: „Лукоил“ доби уште…
Американското Министерство за финансии издаде ново продолжување…
ЕУ санкционираше бизнисмени кои се поврзани со…
Советот на ЕУ ќе ја прошири листата…