Засега никој не се разболел поради ѓубрето во Скопје, велат од ИЈЗ

t

Досега не се забележани заболувања што се директно поврзани со насобраното ѓубре во Скопје, но треба да се внимава особено во овој период, додека не се расчисти ѓубрето, порача епидемиологот и раководител на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје, доктор Драган Кочински.

— Се препорачува често миење на рацете, посебно кога се оди да се исфрла смет. Ракавиците сепак стојат како опција кога се исфрла сметот. Дезинфекција на рацете, да се исфрла сметот во простор определен за тоа. Да не се создаваат диви депонии. А со тоа ќе се овозможи и да не се шират тие заболувања. Секако дека тука е и апелот до властите, тие што се надлежни за тоа, сметот да се собира навремено и да не доаѓаме до вакви ситуации — истакна Кочински.

Изминатиот период на улиците во Скопје имаше несобран смет, а лекарот ги посочи препораките на Институтот за јавно здравје за заштита.

Тој подвлече дека препораките важат за период кога има натрупано ѓубре и кога треба да се внимава на сопственото здравје и на здравјето на другите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Засега никој не се разболел поради ѓубрето…

Досега не се забележани заболувања што се…

Аналитичари: „Буревестник“ и „Посејдон“ се гаранција дека…

„Буревестник“ и „Посејдон“ се фундаментално нови носачи…

Вардар преполн со ѓубре – мини депонии…

Реката Вардар, некогашен симбол на главниот град…

Поскапи горива од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Александар Јовановски е новиот директор на „Комунална…

Александар Јовановски е нов директор на ЈП…