Втор круг локални избори во источниот регион – гласаат шест општини
Втор круг локални избори во источниот регион. Ќе се гласа во шест општини. Во недела, втори ноември граѓаните од шест општини во источниот дел на земјата, односно Кочани, Виница, Пробиштип, Македонска Каменица, Чешиново-Облешево и Зрновци ќе имаат можност повторно да излезат на гласање и да ги изберат своите градоначалници.
Најголем интерес се очекува во Кочани, каде 32.503 регистрирани гласачи ќе избираат помеѓу Влатко Грозданов, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и независниот и актуелен в.д.градоначалник, Венко Крстевски. Во општина Виница, право на глас имаат 17.060 граѓани и таму градоначалник ќе се бира помеѓу Митко Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ и Гоце Милевски од СДСМ.
Во Пробиштип, пак по првиот изборен круг и разлика од само 30 гласа, 12.251 гласач во недела ќе имаат можност да избираат помеѓу Тони Тоневски од ВМРО-ДПМНЕ и Драган Анастасов од СДСМ. Во вториот круг локални избори, во Македонска Каменица, 6.650 регистрирани гласачи ќе бираат помеѓу актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димчо Атанасовски и Соња Стаменкова, кандидатка од редовите на СДСМ и Коалицијата.
Татко на градот ќе бираат и 5068 гласачи од Чешиново-Облешево. Таму, во тесна трка за градоначалничката фотеља се Јорданчо Костадинов од ВМРО-ДПМНЕ и Горанчо Крстев од СДСМ, откако во првиот круг разликата помеѓу овие два канидидати беше само 27 гласа.
И во најмалата општина на истокот, татко на градот ќе бираат 2.506 граѓани од Зрновци. Опциите во вториот круг се Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ и Ванчо Митев од СДСМ.
Утринава започна и дистрибуцијата на избирачките ливчиња, за гласањето во вториот круг на локалните избори 2025та, а во сабота освен болните и изнемоштени лица од овие општини, своето граѓанско право имаат можност да го остварат и 92 затвореници од штипската Казнено-поправна установа Затвор, со прифатени пријави од општинските изборни комисии.
Инаку, според Државната Изборна комисија изборниот процес ќе го следат вкупно 1569 набљудувачи, од кои 904 домашни и 651 меѓународен, а акредитирани се и 14 странски новинари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Втор круг локални избори во источниот регион…
Втор круг локални избори во источниот регион.…
Марија Захарова: Развојот на Буревестник е реакција…
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…
Украдени се уште три бронзени бисти од…
МВР информира дека вчера во 12:00 часот…
(Видео) Зијадин Села обвинува дека власта му…
Видеото кое се појави кај дел од…
(Фото) Злоупотреба на деца во политички цели…
Кандидати за градоначалници се фотографираат и на…