Левица: Орце бега од дебата без тутор и подметнати прашања – соочување на Телма нема да има

t

Иако пред очите на целата јавност владиниот кандидат Орце Ѓорѓиевски јасно изјави дека ќе се појави на ТВ Телма и ќе се соочи со својот противкандидат, денес, на денот кога дебатата требаше да се одржи дознаваме дека тоа сепак нема да се случи.

Покана за гостување од страна на ТВ Телма беше уредно испратена до кандидатите за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ и Орце Ѓорѓиевски, непосредно по завршувањето на првиот круг. Додека Мециновиќ веднаш и без двоумење ја прифати поканата, Ѓорѓиевски со денови молчеше, избегнувајќи конкретен одговор. На т.н. дуел на Канал 5, Мециновиќ и јавно го праша дали ќе присуствува, на што Орце пред камерите изјави дека „нема проблем со тоа”, односно дека ќе присуствува.

Очигледно, проблем сепак имало.

Имено, дебатата на ТВ Телма денес официјално се откажува бидејќи владиниот кандидат не сакал да присуствува.

Со овој чекор, во демократска Македонија, граѓаните остануваат без суштинска, реална дебата помеѓу кандидатите за прв човек на главниот град.

Треба да остане забележано дека владиниот кандидат, Орце Ѓорѓиевски, кој уверуваше дека „не бега и не се плаши од дебати со Мециновиќ” – не смогна храброст да се појави на нирмална, специјално неисценирана, ненаместена, непристрасна дебата без подготвени прашања и одговори со кандидатот од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Орце бега од дебата без тутор…

Иако пред очите на целата јавност владиниот…

Втор круг локални избори во источниот регион…

Втор круг локални избори во источниот регион.…

Марија Захарова: Развојот на Буревестник е реакција…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Украдени се уште три бронзени бисти од…

МВР информира дека вчера во 12:00 часот…

(Видео) Зијадин Села обвинува дека власта му…

Видеото кое се појави кај дел од…