Битиќи: Глувците во Скопје се слика за начинот на кој власта управува со градот

t

Во гостувањето во емисијата „Анализа“ на ТВ 24, пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, истакна дека резултатите од последните избори јасно покажуваат дека владејачкото мнозинство ја губи поддршката на граѓаните.

„Во само 15 месеци власта изгубила околу 30% од своите гласачи, нешто што не се случило во поновата историја на државата да валдејачкото мнозинство ги стопи гласовите. Може да се формира власт, но не и да се има довербата на граѓаните. Ако ги соберете гласовите на опозициските партии и оние кои не излегоа да гласаат за власта, разликата е само околу 16 илјади. Тоа е реалноста,“ додаде тој.

Во однос на состојбите во главниот град, Битиќи потсети дека токму владејачките партии и нивните коалициски партнери се одговорни за ситуацијата во Скопје.

„Глувците во Скопје се слика за начинот на кој власта управува со градот. Пред четири години видовме исти сценарија, спинување и обвинувања. Денес, во 2025 година, Скопје треба да биде метропола, а не град кој се бори со елементарни услови за живот. Наместо тоа, сведоци сме на деградација и непочитување на граѓаните и нивните права,“ изјави Битиќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битиќи: Глувците во Скопје се слика за…

Во гостувањето во емисијата „Анализа“ на ТВ…

Скопскиот и белградскиот аеродром со најголем раст…

Аеродоромите во Скопје и во Белград, според…

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија…

„ВМРО-ДПМНЕ сака повторно да ја врати Македонија…

Д-р Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

Младите ќе бидат во фокусот на мојата…

Герасимовски: Хигиената во Скопје е катастрофа, Центар…

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…