Раст на индустриското производство во септември од 2,7 отсто

t

Индустриското производство во земјава во септември се зголемило за 2,7 проценти во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС).

При тоа, гледано според главните индустриски групи, најголем процентуален раст има кај интермедијарните производи, чие производство се зголемило за шест проценти. Раст има и кај капиталните производи (три отсто), преработувачката индустрија (3,1 отсто), како и производство на енергија (1,6 отсто).

„Зголемувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: производство на прехранбени производи, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производство на производи од гума и производи од пластични маси, производство на други неметални минерални производи, производство на електрична опрема, производство на моторни возила, приколки и полуприколки и производство на мебел“, пишува во соопштението од ДЗС. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раст на индустриското производство во септември од…

Индустриското производство во земјава во септември се зголемило…

Маж пукал кон стан во Струга, кога…

На 30.10.2025 во 22:00 часот во село…

(Видео) Лудило во парламентот на БиХ: „Би…

Забавна сцена во Парламентот на БиХ ги…

Филипче: Гласањето е најсилниот протест против неспособноста…

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на…

Трактор и автомобил се судрија во Дебрца,…

Вчера на локалниот пат во селото Требеништа,…