Скопјанец ја малтретирал поранешната девојка – ја влечел пред болница и ѝ се заканувал дека ќе го убие брат ѝ
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 33-годишен скопјанец за продолжено загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
Во периодот од 5 до 30 октомври, осомничениот со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, упатувајќи сериозни закани дека ќе нападне врз животот на неговата поранешна партнерка.
Преку писмени и говорни пораки на социјална мрежа тој и се заканувал, вршејќи семејно насилство, а загрозувањето на сигурноста особено се интензивирало откако таа си заминала од домот на осомничениот, бидејќи била постојано изложена на закани и навреди.
На 30 октомври, осомничениот започнал агресивно да се однесува пред една клиника каде оштетената била сместена на лекување и се заканил дека ќе го убие нејзиниот брат. Почнал да ја тегне за рака оштетената и да ја принудува да оди повторно со него во неговиот дом, со што кај неа предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фарс: Трамп бил вклучен во план за…
Иранската новинска агенција Фарс објави дека американскиот…
Хакери упаднале во погонскиот систем на огромен…
Американските власти откриле дека хакери успеале да…
Да не го мислите тука е: Ким…
Северна Кореја утрово истрела засега неидентификуван проектил…
Трамп: САД нема да го забранат извозот…
Американскиот претседател изјави дека Вашингтон никогаш ниту…
Двајца Иранци обвинети за подготовка на терористички…
Британските власти обвинија двајца ирански државјани за…