Вучиќ: Во овој тажен момент, важно е Србија да биде обединета

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој присуствуваше на годишната комеморација за жртвите од уривањето на настрешницата во Нови Сад, рече дека денес палиме свеќа за секој од нив, молејќи се и верувајќи дека засекогаш ќе останат во нашите срца, и дека во овој тажен момент најважно е Србија да биде достоинствена и обединета.

„Помина една година од денот што ја промени Србија засекогаш. Шеснаесет животи беа изгубени поради уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Денес палиме свеќа за секој од нив, молејќи се во тишина и верувајќи дека нивните имиња и сеќавања засекогаш ќе останат во нашите срца“, рече Вучиќ во објава на социјалните мрежи.

Како претседател, но и како граѓанин на Србија, тој уште еднаш изрази најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите.

„Ве молам да покажеме почит и внимание еден кон друг, бидејќи само на овој начин можеме да ја зачуваме општествената нишка што нè поврзува. Денес е ден кога, без груби зборови и поделби, треба тивко да се молиме за жртвите. Нека тагата на семејството нè обедини, а не да нè раздели. Нека мирот и одговорноста нè водат, а вистината ќе ја бараме во институциите, трпеливо и со целосно почитување“, рече Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германски град препорача евакуација поради голем пожар…

Германски град во близина на белгиската граница…

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…

Етаблираните партии, оние кои сега се власт…

Борот алепо повторно „дежурен виновник“ за пожарите…

Борот алепо повторно е посочен како „главен…

„Би-би-си“ откри скандал во Пакистан: Употребата на…

Болница во Пакистан користела исти шприцови за…