Кралот Чарлс за нападот во воз кај Кембриџ: Шокиран сум, сочувство до повредените
Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека е „шокиран“ од нападот со нож што се случи во воз во источна Англија, во кој беа повредени најмалку десет лица.
Мојата сопругa кралицата Камилa и јас сме апсолутно ужаснати и шокирани од овој ужасен напад со нож. Нашите најдлабоки сочувства кон сите повредени и нивните најблиски, соопшти кралот преку социјалните медиуми.
Британската полиција денеска информира дека во оваа фаза од истрагата го исклучува тероризмот како мотив за нападот со нож во воз во близина на Кембриџ. За нападот се уапсени двајца британски државјани, од кои едниот, според полицијата, имал карипско потекло.
Десет лица се повредени во нападот, а девет од нив имаат повреди опасни по живот.
Нападот со нож се случи вчеравечер, во возот на релација Донкастер-Лондон. Веднаш по почетокот на нападот, возот бил запрен на станицата Хантингдон во Кембриџ, каде што, според сведоците, полицајците употребиле тејзер за да го совладаат мажот кој носел нож.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кралот Чарлс за нападот во воз кај…
Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…
Нетанјаху го нападна австралискиот премиер: Слаб политичар…
Во невиден личен напад, премиерот на Израел,…
Руски инфлуенсерки уапсени – снимиле видео пред…
Руските власти уапсија две млади инфлуенсерки, на…
Арсовска до Тошковски: Да постапеше на време,…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку…
Најмалку 44 луѓе загинале во израелски напад…
Агенцијата за цивилна одбрана на Газа соопшти…