Акиов: Невидена тортура врз Ромите во Кочани – Активисти на ВМРО-ДПМНЕ се закануваат во присуство на полиција!
Невидена тортура цела недела ни прави полицијата и мене и на моите активисти што го поддржуваме Венко Крстевски, вели во изјава за Инфомакс советникот во Советот на Општина Кочани, Аки Акиов.
– Уште кога бев кандидат за советник притисокот не престана во ромското маало, полициска кола пред куќа, пред штаб, ставаа лисици на моите активисти.
Јас не знам како на сила може да не натераат да гласаме за некој, тоа си е мое демократско право, за кој сакам ќе гласам. Поткуп прават, купуваат гласови во ромското маало. Нивните активисти се закануваат дека ќе ги иселат од Кочани кога ќе победи нивниот градоначалник.
Луѓето си одат на гласање со кола со фамилија, денес буквално сите коли на мои активисти ги претресоа, не само мене.
Се закануваат дека ќе ги приведуваат луѓето, нивните активисти пред полиција се закануваат на моите активисти. Толку деца утепаа, 65 деца, никој не мрдна со прст, сега одиме да гласаме и ќе не тепаат, вели Акиов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…
Талогот на СДС повторно се појави. Овој…
Седум бебиња родени за два дена во…
Кочани добива ретко убава и позитивна вест…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лицата со правосилни пресуди со…
ВМРО-ДПМНЕ денеска упати обвинувања кон лидерот на…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС кога…
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати критики кон претседателот…
Манасиевски: Талогот од СДС и предавникот Филипче…
Талогот од СДС и предавникот Филипче не…