„Лувр беше ограбен од ситни криминалци, а не од организирани професионалци“

t

Париската обвинителска Лор Бекуо изјави дека е „малку веројатно“ дека се вклучени „високите ешалони на организираниот криминал“, додека еден од сторителите сè уште не е фатен.

Дрскиот грабеж преку ден во Лувр го извршиле ситни криминалци, а не професионалци од светот на организираниот криминал, изјави парискиот обвинител, опишувајќи ги двајцата осомничени како пар со деца.

Тврдењето доаѓа две недели откако крадците паркираа украден камион пред најпосетуваниот музеј во светот, користеа лифт за мебел за да стигнат до првиот кат, а потоа провалија во една од најформалните простории на музејот.

Помалку од седум минути подоцна, тие избегаа со скутери со скапоцените камења, за кои се проценува дека вредат 88 милиони евра, пишува The Guardian.

Смелиот грабеж, извршен сред бел ден предизвика преглед на безбедносните пропусти во Франција.

Досега се обвинети четири лица, но украдениот накит – меѓу кои е ѓердан од смарагд и дијаманти што Наполеон I ѝ го дал на својата втора сопруга, Марија Луиз, и тиара украсена со 212 бисери и речиси 2.000 дијаманти што ѝ припаѓале на Евгенија, сопруга на Наполеон III – сè уште не е пронајден.

Најмалку еден сторител е сè уште во бегство, изјави денеска париската обвинителка Лор Бекуо за радио станицата Франсинфо.

Француските медиуми шпекулираа дека крадците биле аматери откако беше откриено дека за време на нивното бегство го испуштиле најскапоцениот камен – круната на царицата Евгенија, направена од злато, смарагди и дијаманти – и дека оставиле алатки и други предмети на местото на злосторството што би можеле да содржат траги од нивната ДНК.

Лор Бекуо, париската обвинителка изјави дека не ја исклучува можноста дека и други помагачи биле вклучени во грабежот, освен веќе обвинетите лица.

„Ова не е баш секојдневна деликвенција, но е еден вид деликвенција што генерално не ја поврзуваме со горните ешалони на организираниот криминал“, рече Бекуау.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Лувр беше ограбен од ситни криминалци, а…

Париската обвинителска Лор Бекуо изјави дека е…

Уапсени двајца полициски службеници осомничени за разбојништвото…

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно…

Две лица се уапсени за кражбата во…

Две лица се уапсени за кражба на…

Макрон: Украдените експонати од Лувр ќе бидат…

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази увереност дека…

Грабеж во Лувр, украден е накит

Утрово во музејот Лувр се случи грабеж,…