(Видео) Џип удри жена на пешачки кај „Јосип Броз“ и побегна од местото на несреќата

t

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа во центарот на Скопје, кога жена била удрена од џип на пешачки премин, по што несовесниот возач побегнал од местото на настанот.

Информацијата и видео од настанот ги објави скопјанка на социјалната мрежа Фејсбук, предизвикувајќи бран реакции кај јавноста.

Несреќата се случила на обележаниот пешачки премин во непосредна близина на гимназијата „Јосип Броз Тито“.

Според сведоштвата на очевидци, жената уредно поминувала на пешачкиот премин кога возилото, опишано како џип, удрило во неа и, наместо да застане, со голема брзина го напуштило местото.

Повредената жена веднаш била пренесена со возило на Брза помош на лекување.

Министерството за внатрешни работи (МВР) веќе презема мерки за расчистување на случајот. Според информациите, полицијата ги прегледува безбедносните камери од околните објекти во обид да го идентификува џипот и да го пронајде возачот.

Официјални информации за случајот и за здравствената состојба на повредената жена се очекуваат во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен 37-годишен дрвокрадец во Кучевиште

МВР информира дека вчера попладне околу 19:00…

Mирен протест во Богданци во чест на…

Мирен протест под пораката „Стоп за фемицидот“…

Од денеска исплата и на социјалната помош…

Корисниците на социјална помош кои имаат сметки…

Берзански земјотрес поради вештачката интелигенција — „избришани“…

Распродажбата на акциите на технолошките компании се…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…