Лишени од слобода возачи во Македонска Каменица, Крушево и Штип, управувале возила под дејство на алкохол

t

На 03.11.2025 во 00:00 часот на ул.„Самоилова“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Г.И.(30) од с.Дулица, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,64 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. 

На 03.11.2025 во 02:43 часот на ул.„Тодор Проески“ во Крушево, полициски службеници го лишија од слобода В.М.(28) од Крушево. Претходно, тој со патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило и го напуштил местото.  По преземени мерки, тој бил пронајден и било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,80 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. 

На 02.11.2025 во 21:35 часот на ул.„Осоговска“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Д.Т.(23) од с.Цера, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,62 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. 

На 02.11.2025 околу 15:24 на ул.„Железничка“ во Штип, при контрола во сообраќајот со радар, полициски службеници од СВР Штип констатирал дека А.В.(38) од општина Зелениково управувал патничко возило „тојота“ со брзина од 102 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час. 

По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешни бугарски полицајци осудени на по 7…

Тројца поранешни припадници на бугарското Министерство за…

Западнонилската треска дојде во Бугарија: Маж од…

Прв случај на западнонилска треска оваа година…

ДИК: За изборот на градоначалник во општина…

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 14.…

Иранската армија тврди дека ги обновила сите…

Сите вооружени системи што беа оштетени за…

Работник загина откако го удрил авион на…

Работник на аеродромот „Монтреал Трудо“ во Канада…