Пожар во македонската црква „Св. Петар и Павле“ во САД – иконата на Света Петка не изгоре
Неколку дена пред празнувањето на Св. Петка, параклисот посветен на оваа светителка при Македонската православна црква „Св. ап. Петар и Павле“ во Краун Поинт, Индијана (САД), е сериозно оштетен во пожар, пренесе Литургија.мк.
Иако пламенот речиси го уништил целиот објект, сепак иконата на света Параскева – Петка останала недопрена, пишува порталот.
Пожарот избувнал околу 2:24 часот по полноќ. Полицијата и противпожарната служба на Краун Поинт веднаш реагирале на пријавата и по пристигнувањето, полициските единици делумно го изгаснале огнот. Пожарникарите потоа целосно го ставиле под контрола пожарот, според соопштението на градот Краун Поинт.
Малиот параклис, кој е одвоен од главниот храм, претрпел голема материјална штета. Причините и потеклото на пожарот сè уште се предмет на истрага.
Од храмот „Св. ап. Петар и Павле“ изјавија:
„Нашиот сакан параклис ‘Св. Петка’ беше запален минатата недела со подметнат пожар кој многу ја оштети малата црквичка. Пламенот го изгоре светото место. Но, и покрај чадот и уништувањето, благодатта беше присутна. Внатрешноста е сериозно оштетена, изгореници и пепел го покриваат она што некогаш беше свето место. Но, посреде пепелта се покажа милоста. И покрај огнот, ни го покажува нејзиното сострадание и милост. По Божјата благодат, нејзиниот лик сè уште сјае, неизгорен, неоштетен. Света Петка, моли го Бога за нас“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожар во македонската црква „Св. Петар и…
Неколку дена пред празнувањето на Св. Петка,…
Орбан: Единствени што навистина сакаат мир се…
Ниту тогаш никој не сакаше голема војна,…
Трамп најави воени подготовки
Претседателот на САД, Доналд Трамп, остро ја…
Сирискиот претседател наскоро доаѓа во Вашингтон?
Специјалниот претставник на САД за Сирија, Том…
Трамп му нареди на Пентагон да биде…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги обвини…