Приведени тројца турски државјани за криумчарење мигрант
Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица синоќа околу 22:00 часот во близина на гевгелиското село Богородица ги лишиле од слобода М.А.К.(20), У.Б.(21) и С.У.(31), сите од Република Турција.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека полицајците претходно забележале како во близина на граничната линија со Република Грција се движат патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал М.А.К., а сопатник бил У.Б., и патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, кое го управувал С.У.
-Исто така, забележано е и едно лице мигрант кое илегално ја преминало државната граница и кое потоа влегло во возилото „бмв“. По преземени мерки возилата се сопрени и лицата се лишени од слобода, додека мигрантот е спроведен во прифатно-транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, информира МВР.
Посочува дека по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…