Лажен поп уапсен на задушница на гробиштата во Ѓорче Петров
Наместо вистински поп, низ гробиштата во скопската населба Ѓорче Петров се прошетал лажен – тој бил набргу легитимиран, откако започнал да кажува молитва за починатите.
Празникот Задушница се врзува со молитвата за упокоените христијани и најчесто се одбележува во петок и сабота. Граѓаните одат на гробиштата и се упатуваат на гробовите на најблиските, палат свеќа, читаат молитва и принесуваат жртва за спасение на починатите. Покрај одењето на најбисликите, и свештените лица ги посетуваат гробиштата, каде кажуваат посебна молитва која се нарекува и Трисагија во чест на починатите.
На 01.11.2025 на гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје, постапувајќи по претходна пријава, од страна на полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров легитимиран е Б.П., кој извршувал верски активности. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.
„Замислете мои волковчани и ѓорчепетровци, на Задушница, одиш како човек на гробишта за да ги посетиш починатите, да им оддадеш почит и бараш поп. И кога едвај го наоѓаш и го викаш да го испее гробот, и кога оп – од нигде никаде скокаат 4-5 полицајци да го апсат попот. Зошто? Затоа што, всушност, не бил поп, туку некој човек што си нарачал мантија и кандило и си рекол: ‘Сега ќе му е мајката, на жалоста на луѓето пари ќе правам’. Го апсат, го носат во полициска станица, а гробот остана неиспеан. Е моја чудесна Македонија“, напиша корисник на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Корисниците на социјалните мрежи сведочат за ваквиот непријатен настан и разочарано посочуваат дека ова не се гледа секој ден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лажен поп уапсен на задушница на гробиштата…
Наместо вистински поп, низ гробиштата во скопската…
Калас во Сараево: Ќе спречиме каков било…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешни…
„Виз ер“ воведува евтина „бизнис класа“
Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Виз ер“ ќе започне…
Приведени тројца турски државјани за криумчарење мигрант
Полициски службеници од Полициската станица за граничен…
Хаќим Рамадани: Од денес сум невработен, барам…
Kандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од…