Пратениците ќе договараат нови измени на Изборниот законик
Измени на актуелниот или нов Изборен закон е на агендата на пратениците по локалните избори, откако Левица остана без пристап до државните ресурси за реклама во медиумите, а на ЗНАМ ВМРО-ДПМНЕ ѝ отстапи рекламен простор бидејќи во Изборниот законик пари з аизборна реклама добиваат двете најголеми партии од власта и од опозицијата.
На првата координација кај претседателот на Собранието Африм Гаши по локалните избори, координаторите на пратеничките групи се договориле дека мора да најдат начин за консензуално да се донесат измени на Изборниот законик, информира собранискиот спикер на брифинг со новинарите.
-Сите се соочивме со повеќе проблеми од актуелниот Изборен законик од 2021 година како што беше финансирањето на изборната кампања, тоа не одговара со актуелните предизвици. Имаше разбирање од сите партии дека се согласни консензуално координаторите на парламентарните партии да седнат и да ги донесат измените кои ќе одговараат на новите предизвици. Освен финансирањето на кампањата кое не соодветствува со реалноста зашто имаме три владејачки и три опозициски партии и сметаме дека треба да има друга формулација за да не ни се случи и натаму да имаме такви нејаснотии – вели Гаши.
Toj не прецизира кои одредби ќе бидат опфатени со измените на Изборниот законик.