Ферус Мустафов постхумно ќе го добие признанието „8 Ноември“ на Општина Штип
На првата седница на новиот Совет на Општина Штип за претседателка е избрана Весна Кожинкова, која и досега го водеше градското собрание. Во Советот, кој брои 23 советници, 16 се од ВМРО-ДПМНЕ, четворица од СДСМ, двајца од Левица и еден советник од ЗНАМ, пишува „СДК.мк“.
Советот го прифатил предлогот на Комисијата за признанието „8 Ноември” по повод Денот на ослободувањето на градот тоа да им се додели на 18 заслужни граѓани од Штип кои дале придонес во развојот на градот, а посебно за неговата афирмација во земјата и странство.
На наредната седница на Советот, што ќе се одржи на 7 ноември, вакво признание потсхумно ќе добие и светски прочуениот штипски музичар Ферус Мустафов, за кого имало три предлози од различни места да му се додели ова високо општинско признание, јавува дописникот на „Сакам да кажам“ од Штип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директорот на штипската болница: Ако се докаже…
*Објава на Фејсбук на директорот на Клиничка…
Девојка остана во инвалидска количка по царски…
По сериозниот случај со 19-годишната пациентка Станка…
Неколку милиони денари ќе чини покривот на…
Завршувањето и целосното опремување на новиот болнички…
Истрага за полов напад врз малолетно девојче…
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за…
Автомобил се преврте во двор на куќа…
Возило во кое се превезувале возач и…