Рокас до Сиљановска-Давкова: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

t

За време на презентирањето на Извештајот на ЕК за напредокот на земјава, претседателката имала забелешки на дел од констатациите во кои се однесуваат на првиот кластер „Фундаментални вредности“, а дополнително укажала на потребата евалуацијата за напредокот да биде заснована врз Копенхашките критериуми
Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите, заради отворено изразената волја на лидерите на ЕУ за поддршка и помош на македонската евроинтеграција. Ова го порачал евроамбасадорот Михалис Рокас во текот на денешната средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, за време на предавањето на Извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на земјава во 2025 година.

Евроамбасадорот Михалис Рокас и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова / Фото: ПРСМ
За време на средбата во претседателскиот кабинет, Рокас ги нотирал главните проблеми со кои се соочува државата, како и промените кои се очекуваат од неа.

„Соговорниците констатираа недостаток на прогрес во владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот, како и судството, истакнувајќи ја потребата од максимални напори за реформи во овие области. Беа поздравени позитивните резултати во рамките на Планот за раст, реформата на јавната администрација, како и успесите во Кластерите 3,4,5 и 6“,

наведуваат од кабинетот на Сиљановска-Давкова.
Претседателката имала забелешки на дел од констатациите во Извештајот на ЕК кои се однесуваат на првиот кластер „Фундаментални вредности“, а дополнително, укажала на потребата евалуацијата за напредокот да биде заснована врз Копенхашките критериуми, а не врз политичките услови со кои се соочува земјата две децении.

Претходно денеска европскиот амбасадор до достави Извештајот на ЕК и до Собранието

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рокас до Сиљановска-Давкова: Сегашниот момент е најдобар…

За време на презентирањето на Извештајот на…

Протекување на податоци на „Тиса“: Маѓар обвинува…

Голем скандал со истекување на лични податоци…

Твоето лице звучи познато: Вучиќ ги отфрли…

Српскиот претседател Александар Вучиќ го бранеше своето…

Лазаров очевидец на страшната сообраќајка: Јас сум…

Двајца луѓе загинаа, а петмина се повредени…

Приведен скопјанец, при преглед пронајдена дрога

На 04.11.2025 година околу 21:00 часот од…