Почна ЕУ блокадата за Србија – првиот чекор го направи Шведска

t

По усвојувањето на најкритичната Резолуција на Европскиот парламент за режимот на српскиот претседател Александар Вучиќ, околу која беа договорени ставовите на сите политички групи, дури и на Европската народна партија (ЕПП), а чиј фокус е инсистирањето на пронаоѓање на виновниците и преземање одговорност за трагедијата во Нови Сад, како и растечката репресија на режимот врз демонстрантите, Владата на Шведска прва реагираше на „погрешната насока“ на Србија и презеде драстичен чекор, објавија повеќе српски медиуми.

Имено, шведската влада одлучи да ја „прилагоди поддршката“ за Србија во рамките на Стратегијата за реформско партнерство на Шведска со Западен Балкан и Турција. Како што наведоа во соопштението, овие промени за Србија се должат на очигледната растечка корупција и непочитување на владеењето на правото.

Земјите не можат да очекуваат шведска поддршка ако не ги спроведат реформите и развојот што ги очекуваме“, рече министерот за развојна помош и надворешна трговија Бенјамин Душа и додаде дека ова особено се однесува на „работа за почитување на принципите на владеењето на правото, борбата против корупцијата и заштитата на основните слободи и права како што се слободата на изразување и печатот.

Според официјалните податоци, Шведската агенција за меѓународна соработка за развој (Сида) распределила 152,4 милиони шведски круни (околу 14 милиони евра) помош за Србија во 2024 година. Околу 52% од помошта била распределена на граѓанското општество, а околу 18% на државните институции.

Патем, ова е првиот случај на рестриктивни мерки што следеа по Резолуцијата на Европскиот парламент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Мостот на „Љубљанска“ во функција до…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Претседателот…

Мисајловски: Да го чуваме споменот на хероите…

Во СЦ „Борис Трајковски“ денеска се одржа…

ЛДП бара „главните партии“ да вратат 4…

Ова што го прават СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ…

ВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата…

ВЛЕН ја поздравува позитивната оценка на претседателката…