Орбан: Зошто да ја браниме Украина, таа нѐ брани нас?
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги отфрли обвинувањата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека покажува „специфична поддршка за Путин“ со тоа што ги блокира пристапните преговори на Украина со Европската Унија, објави „Јуроњуз“.
Во интервју за „Јуроњуз“ во вторникот, Зеленски изјави дека нема намера да прави отстапки кон Будимпешта, тврдејќи дека Унгарија треба, напротив, да ја поддржи одбраната на Европа што ја води Украина.
„Не мислам дека треба да му понудам нешто на Виктор Орбан. Мислам дека Виктор Орбан треба нешто да ѝ понуди на Украина, која ја штити цела Европа од Русија. Дури и сега, за време на оваа војна, не добивме никаква поддршка од него, никаква поддршка за нашата визија за живот,“ рече Зеленски.
Орбан ги отфрли овие коментари во соопштение објавено кратко по интервјуто.
„Мора да го одбијам тврдењето дека Унгарија ѝ должи нешто на Украина. Украина не ја брани Унгарија од никого и од ништо. Ние не сме го барале тоа, ниту, пак, некогаш ќе го побараме. Безбедноста на Унгарија е загарантирана од нашите национални одбранбени капацитети и од НАТО, на која Украина, за среќа, не е членка,“ изјави Орбан.
Тој нагласи дека Унгарија досега обезбедила приближно 200 милиони евра хуманитарна помош за Украина и продолжува да ѝ испорачува гас и електрична енергија.
Премиерот повтори и дека се противи на членството на Украина во Европската Унија.
„Унгарија не поддржува и нема да поддржи пристапување на Украина во Европската Унија бидејќи тоа би ја донело војната во Европа и би ги зело парите на Унгарците за Украина,“ рече Орбан, додавајќи дека би сакал Украина да биде „стратешки партнер“, а не полноправна членка на Унијата.
Унгарија и понатаму го блокира отворањето на пристапните поглавја со Украина, наведувајќи безбедносни и економски причини. На почетокот на оваа година унгарската влада спроведе необврзувачка национална консултација за членството на Украина, во која 95 отсто од испитаниците се изјасниле против.
Тензиите меѓу Унгарија и Украина се засилија околу енергетската безбедност уште од летото, по украинските напади врз рускиот нафтовод „Дружба“, кои привремено ги прекинаа испораките на нафта за Унгарија неколкупати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан: Зошто да ја браниме Украина, таа…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги отфрли обвинувањата…
Протекување на податоци на „Тиса“: Маѓар обвинува…
Голем скандал со истекување на лични податоци…
Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да…
Сегашната унгарска влада нема да дозволи Украина…
Зеленски го повика Орбан да не го…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика својот…
Зеленски: Украина ќе прифати само полноправно членство…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес на…