СДСМ: Со робусно „извештајче“ Европа прати јасен сигнал дека владата е неспособна и антиевропска
Со робусно „извештајче“ Европа прати јасен сигнал дека владата е неспособна и антиевропска
ВМРО-ДПМНЕ покажува ароганција зад која се крие неуспешен обид да го омаловажи Извештајот на ЕК затоа што е најреалниот доказ за неспособноста на владата на Мицкоски. – велат од СДСМ.
ЕК дава јасни, детални и објективни оценки во кои е содржана најреалната слика за тоа каде ја доведе Македонија власта на Христијан Мицкоски: во застој, назадување и целосна институционална парализа.
Ова е најлошиот извештај за Македонија во последните десет години. Македонија нема напредок во ниту една област, реформите се блокирани, а владата нема волја, ниту капацитет да ја сработи работата што е во интерес на граѓаните и на државата.
Драстично е назадувањето во владеењето на правото и правдата, со оценка „единица“ во поглавјето 24, најлоша досега.
Судството е под политички притисоци, реформите се во застој, антикорупциските механизми не функционираат, јавната администрација е нефункционална, а 60% од законите се носат набрзина, без дебата и без транспарентност.
Во економијата и земјоделството има стагнација и слабости во јавните инвестиции, доцнења со поврат на ДДВ, а во образованието и младинските политики резултатите се поразителни, државата бележи пад и под просекот на ЕУ.
Дека реформите не се приторитет за власта покажува фактот што нема пари ниту предвиден буџет за спроведување на Планот за раст, што значи дека владата на Мицкоски нема капацитет.
Со робусно „извештајче“ Европа прати јасен сигнал дека владата е неспособна и антиевропска.
ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори на прашањето: зошто државата назадува во секоја област? – се вели во соопштението на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Со робусно „извештајче“ Европа прати јасен…
Со робусно „извештајче“ Европа прати јасен сигнал…
Европратеничката Јовева: Не е фер Македонија да…
Мислам дека не е фер Северна Македонија…
Филипче: Владата на Мицкоски нема волја нештo…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко…
Филипче за Извештајот на ЕК: Регионот оди…
Извештајот на Европската комисија за напредокот на…
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал…
Соопштение на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија…