Родителите на загинатите деца во ,,Пулс” повикуваат на мирен марш во сабота за правично судење
Од Здружението на граѓани 16ти Март, повикуваат на 29-ти ,,Марш на ангелите”.
-На 19 ноември 2025 година започнува судскиот процес за трагедијата што засекогаш ги промени нашите животи.
Ние, родителите на загинатите деца, ќе бидеме таму – мирно, достоинствено и со вера во вистината, за да го следиме судењето и потсетиме дека секоја пресуда мора да се темели на вистината, а не на заборавот.
Во пресрет на почетокот на процесот,
Ве повикуваме сите граѓани на Македонија, на Кочани, сите што верувате во човечноста и правдата, да ни се придружите на :
8 НОЕМВРИ 2025 год. (САБОТА)
во 14:05 ЧАСОТ
ОД ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА КОЧАНИ
ДО ОСНОВЕН СУД КОЧАНИ
ДА ЧЕКОРИМЕ СО ЉУБОВ, СО БОЛКА И СО ДОСТОИНСТВО, ВО ИМЕ НА ОНИЕ ШТО ПОВЕЌЕ НЕ МОЖАТ ДА ЧЕКОРАТ
Овој марш не е протест, туку мирен марш за правично судење, за да потсетиме дека зад секој “број” стои име, живот, семејство и болка.
Нашата порака е едноставна, но длабока:
– За нашите деца.
– За Вистинска правда.
– За Македонија со совест.
ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА ОВА ОПШТЕСТВО НЕ МОЛЧИ ПРЕД НЕПРАВДАТА И ДЕКА ПОСТОИ НАРОД ШТО НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ВИСТИНАТА !!!, велат од Здружението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите на загинатите деца во ,,Пулс” повикуваат…
Од Здружението на граѓани 16ти Март, повикуваат…
Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот…
Тензично е пред српскиот Парламент, каде што…
Акиов: Невидена тортура врз Ромите во Кочани…
Невидена тортура цела недела ни прави полицијата…
(Фото+видео) Во Кочани како да има војна,…
Во Кочани врие од полиција и полициски…
„На глас се читаа матични броеви и…
Читатели на Инфомакс пријавија изборни нерегуларности на…