Новиот скопски градоначалник, Ѓорѓиевски, најави акција за чистење во 20.30 часот
Орце Ѓорѓиевски, кој во неделата победи во вториот круг од локалните избори, денеска официјално го доби уверението за градоначалник на Град Скопје. Свечениот чин се одржа во просториите на Градската изборна комисија.
Претседателката на ГИК, Марија Мошев, му го честиташе изборот и му посака успех во работата.
,,Ова уверение е симбол на довербата што граѓаните Ви ја укажаа, но и голема обврска. Ви посакуваме мудрост и истрајност во реализацијата на Вашата програма,“ истакна таа.
Ѓорѓиевски се заблагодари и рече дека изборите биле фер и демократски.
,,Во 15 часот ќе се одржи примопредавањето на функцијата со досегашната градоначалничка Данела Арсовска. Веднаш потоа, вечерва во 20:30 часот, започнуваме со голема акција за чистење на Скопје,“ најави новиот градоначалник.
Акцијата ќе започне од паркингот кај спортската арена „Борис Трајковски“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
19 годишно момче загина во сообраќајка во…
Попладнево во скопската населба Радишани се случила…
10 години од поплавите во Скопје во…
Скопје денеска одбележува десет години од невремето…
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти…
Слаб земјотрес вечерва во Скопје
Слаб земјотрес со јачина од 2,5 степени…
Тинејџер со пиштол шетал низ Скопје
На 27.07.20226 во 19:50 часот на ул.„Димитар…