(Видео) Ѓорѓиевски со букет ја испрати Данела
Новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска официјално ја презема функцијата градоначалник на Скопје.
Ѓорѓиевски и однесе букет свежо цвеќе на досегашната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.
Тие остварија кратка средба на која се изврши примопредавањето на функцијата градоначалник на Град Скопје.
Претходно денеска Ѓорѓиевски од Градската изборна комисија во Скопје го доби официјалното уверение дека е избран за нов градоначалник на македонската метропола.
Со ова, Данела Арсовска го заврши својот четиригодишен мандат, на кој беше избрана во 2021 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп сака конфликтот во Украина да заврши…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Тело на 83-годишен скопјанец извлечено од Вардар
Тело на 83-годишен скопјанец било пронајдено во…
Хорор: Прилепчанец ја силувал малолетната поќерка
СВР Битола поднесе кривична пријава против З.С.(48)…
Романија ги доби првите 2,5 милијарди евра…
Романија ја доби првата исплата од 2,5…
Курти: Секој километар пат што нè зближува…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…