Вреди: По месеци ѓубре, Скопје и Чаир овојпат навистина се чистат

t

По месеци давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, започна вистинското чистење на главниот град и Чаир. Не само на улиците, туку на целиот менталитет што го остави градот во хаос со години. Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот што доаѓаше од канцелариите на довчерашната власт, власт што блокираше, крадеше и не се грижеше за никого освен за себе, стои во соопштението на ВРЕДИ.

Од Коалицијата велат „На 19 октомври и 2 ноември, граѓаните на Скопје ставија крај на оваа ера на политичко загадување“.

„Тие ја соборија неуспешната ко-влада меѓу Арсовска, Блерим Беџети и Левица, трио што остави зад себе кал, долгови и град што се дави во хаос. Оние што сакаа да му наштетат на Скопјани, особено на Чаир, сега гледаат дека градот можеше да се исчисти и навистина се чисти, без нив.

Денес, Чаир со Изет Меџити на чело дише слободно. Улиците се чистат, но пред сè, се отстрануваат последиците од долгогодишните блокади и занемарувањето на Чаирчани од страна на градската власт. Ова е чистењето што го чекаше Скопје, чистењето на совеста, одговорноста и старата политика“ велат од ВРЕДИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…

Сите учесници во инцидентот во скопската населба…

13-ГОДИШНО ДЕТЕ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ –…

Тринаесетгодишно дете се бори за живот откако…

Од 1.670 евра до над 2.150 евра…

Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…

Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…

Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…