Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови, велат од СДСМ
Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови
Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо. – се вели во во соопштението до јавноста на СДСМ.
Наместо да организира чистење на градот, ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се дават во сметот.
Синоќа скопјани видоа зошто било оставено ѓубрето, зошто ништо не се преземало со месеци, само за Орце Ѓорѓиевски да прави ПР трикови, циркус спектакли со дронови и камери.
Ова е срамен однос и потценување на сопствените граѓани.
Додека светот и регионот напредуваат со вештачка интелигенција, додека нашите соседи праќаат сателити во орбитата, ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски не доведоа на тоа дереџе, на намерни блокади за да се прави ПР.
Скопје и скојани не заслужуваат ваков потценувачки однос туку чист, модерен и организиран град, со систем кој функционира, а не трикови за ПР употреба. – додаваат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје се гушеше во ѓубре со месеци…
Скопје се гушеше во ѓубре со месеци…
Вреди: По месеци ѓубре, Скопје и Чаир…
По месеци давење на градот во лоша…
Меџити: Ова е почеток на едно ново…
По неколку тешки недели, кога Скопје беше…
Премиерот се пофали: „Голема акција за чистење…
Премиерот Мицкоски на социјалните мрежи сподели фотографии…
Разбојничка кражба во Скопје: Со цигла скршил…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…