Трајковски: Проблемот, значи, не е толку во нивното тврдо партиско гласачко тело, туку во апатијата и разочараноста на мнозинството кое останало дома
Не лутете се на тие коишто гласале за ВМРО-ДПМНЕ, туку фокусирајте се на оние што не излегле на гласање, а официјално тоа се речиси 60% од запишаните избирачи.
Проблемот, значи, не е толку во нивното тврдо партиско гласачко тело, туку во апатијата и разочараноста на мнозинството кое останало дома, за што секако имало причини, иако не и оправдување. Откажувајќи се од избори им овозможиле лесна доминација на првите и продолжување со штетните политики, за кои сме зборувале многупати.
Вмровците не можете да ги промените. Тие имаат верно гласачко тело од партиски клиенти кое фанатизирано се бори пред се за своите лични интереси, а дури потоа за партиската кауза. Така со 15%-20% од запишаните избирачи ја освојуваат целата власт и им ја решаваат судбината на останатите 80% граѓани.
Познато е дека економските клиенти на ВМРО-ДПМНЕ не гласаат по програма, туку по чувство на припадност, зависност и лојалност. Тоа е затворен круг во кој тешко може да се пробие без системска промена. Затоа и не вреди да се работи на тоа поле. Тука не помага никакво добронамерно убедување, а камоли напади и навреди. Впрочем секоја партија се бори за своите цели.
Но, оној молчаливиот дел од населението, кој не гласа, претставува реална резерва на демократијата и со него треба да се работи. Ако тие се придобијат, но не со празни ветувања, туку со доверба, искреност и чувство дека некој навистина сака да ја ослободи државата од грабливците, а за добро на сите граѓани, тогаш може сосема да се промени сликата во целата држава.
Луѓето треба да сфатат дека не е точно дека од нив не зависи ништо, туку напротив, од нив зависи се! Единствен услов е масовно да излегуваат на избори и да гласаат за било кого, а не само за големите партии. Не треба да се гласа ни за ЗНАМ и ВРЕДИ, бидејќи и тие ја одржуваат на позиција штеточинската власт само заради лични интереси, наместо да бидат нејзини коректори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трајковски: Проблемот, значи, не е толку во…
Не лутете се на тие коишто гласале…
Зохран Мамдани „леташе орли“ со пријатели од…
Новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, се…
Додека чекаме ќе го исчисти ли Орце…
И додека ние, гордите македончиња, живи затресени…
Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за…
Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за…
Инцидент во Тетовско – Малолетник со повреди…
На 06.11.2025 година во 19:45 часот во…